Tuesday, December 31, 2013

Потребата за информации го натерала човекот да создава врски со разни извори на информации и да создава мрежи со кои со помош на кои ке си го олесни собирањето,пренесувањето и обработувањето на податоците.
Составот кој ни овозможува размена на податоците непрекинато се развива со децении и денес има достигнато голем напредок. 
Со помош на компјутерските мрежи денес можеме да добиеме какви сакаме информации без разлика каде се наоѓаме.
Исто така копмјутерските мрежи денеска имаат голема улога во комуникацијата помеѓу фирмите,како во малите фирми така и во големите.
Преку компјутерските мрежи можеме да пракаме документи,слики,видео записи,аудио записи и сл.
Компјутерска мрежа  представува кога два или повеќе компјутери се поврзани меѓу себе,и има цел да ги разменува податоците со кои располагаат мрежно поврзаните компјутери.
Компјутерските мрежи се меѓусебно поврзани компјутери преку мрежни кабли,телефонска линија,сателит и слично.
Според тоа колку се одалечени еден од друг мрежно поврзаните компјутери се делат на локални и глобални мрежи.


Локалната мрежа(Lan- local area network) e мрежа која се користи за компјутери кои се сместени во иста просторија или во повеќе простории кои се блиску една до друга.
Компјутерите во локалната мрежа се поврзуваат со кабли.
Денес постојат многу видови на кабли и нивниот број е навистина голем но најчесто се користат:
-Коаксијален кабел;
-Оптичкиот кабел;
Коаксијален кабел беше најраспространет кабел поради повеќе причини:
-Не е скап;
-Лесен е;
-Флексибилен;
-Едноставен е за работа;
Коаксијален кабел се користи за пренесување на интернет сигнали со висока фрекфенција и за пренесување на податоци во копјутерските мрежи.Една од предностите на коаксијалниот кабел во однос на останатите радио преносни кабли е во тоа што електромагнетното поле коешто се создава во самиот кабел се грижи сигналот да е активен само во просторот помеѓу внатрешните и надворешните спроводници. Оваа предност овозможува инсталација на коаксијален кабел во близина на метални објекти обезбедувајќи заштита на сигналот од надворешни електромагнетни интерференци (попречувања). 
На десната слика ни се наоѓаат и конекторите за коаксијалниот кабел.
Оптички кабли кај оваа врста на кабли дигиталниот сигналот се пренесува преку оптичкото влакно во вид на светлосни имплуси.
Тие не подпаѓаат под
Oптичкиот кабел се користи за пренос на голем број на податоци и дозволуваат да се изврши пренос на податоци на поголеми релации.
Затоа што сигналот може да се пренесува на огромни далечини без при тоа да има потреба од засилување. 

Конектори за оптичко влакно се:
A – SC-DC
B - LC
C - MT-RJ
D - Duplex SC
E - Volition
F – Fiber-Jack


Глобална мрежа (WAN − wide area network) е мрежа што опфаќа географски широко подрачје (држава, континент или пошироко) и е, всушност, мрежа составена од повеќе локални мрежи и одделни компјутери. 
Тие се поврзуваат преку постоечки телефонски линии , кабловски или сателитски но мора да има  модем преку кој се врши тоа поврзување и соодветен софтвер.  
Глобалната мрежа неможе да функционира без:
- Насочувач(router);
-Мрежен преклопник(switch);
Најпозната глобална компјутерска мрежа е Internet. 

Рутер
Насочувањето е процес во кој се насочуваат пакетите од своето извориште до крајното одредиште преку соодветни мрежни јазли. Овие активности ги извршуваат уреди наречени насочувачи . Насочувачите го извршуваат насочувањето врз основа на насочувачки табели во кои се чуваат најдобрите патеки  за различни мрежни одредишта. Така да насочувачките табели, нивното креирање и одржување се од големо значење за ефикасно насочување.
Насочувачот поврзува две или повеќе сметачки мрежи, и селективно насочува – испраќа податочни пакети помеѓу мрежите. Секој податочен пакет содржи адресни информации, со кои насочувачот може да ја определи одредницата и да процени дали изворот и одредницата каде е испратен пакетот е на истата мрежа или пак на друга мрежа до која ке треба да биде префрлен пакетот. Кога се користат повеќе насочувачи во голем збир од поврзани мрежи, насочувачите си разменуваат информации меѓу себе така што секој насочувач може да изгради насочувачка табела која ги покажува патеките меѓу секои два система на поврзаните мрежи. Насочувачот работи во два под система:
Контролен подсистем : каде насочувачот ја гради табелата за насочување која запамтува каде податочниот пакет треба да биде насочен, и преку кој физички интерфејс. Ова го прави со користење на статички патеки, или пак со разменување на информации со другите насочувачи во мрежата преку динамички насочувачки протоколи.
Насочувачки подсистем : каде насочувачот го насочува сообраќајот од дојдовните интерфејси па се до излезните интерфејси тоа го прави со помош на адресата која се состои во заглавјето на секој пакет. Насочувањето се изведува со помош на информациите кои се од насочувачката табела на насочувачот.
Мрежен преклопник
Мрежен преклопник или преклопнички разводник е компјутерски мрежен уред кој ги поврзува мрежните сегменти.
Овој термин често се однесува на мрежен мост, кој обработува и насочува податоци на нивото за податочно поврзување (ниво 2) од OSI моделот. Преклопниците кои обработуваат податоци и на мрежно ниво (ниво 3 и нагоре) често се нарекуваат преклопници од трето ниво или повеќе-нивовски преклопници.
Терминот мрежен преклопник генерално не вклучува неинтелегентни или пасивни мрежни уреди како разводници и повторувачи.
Иако преклопниците можат да учат за топологиите на повеќе нивоа и пренесуваат на едно или повеќе нивоа, тие сепак имаат тенденција да имаат заеднички функционалности. Освен за апликации со високи перформанси, модерните комерцијални преклопници користат примарно Етернет интерфејси, кои можат да имаат различни влезни и излезни пропусни опсези од 10, 100, 1000 или 10000 мегабити во секунда. 

1 comment:

  1. Сакам да споделам со сите вас овде за тоа како го добив мојот заем од г-дин Бенџамин кој ми помогна со заем од 400.000,00 евра да го подобрам мојот бизнис. Беше лесно и брзо кога аплицирав за заемот кога работите беа груби со мојот бизнис . Г-дин Бенџамин ми даде заем без одлагање. Еве ја е-поштата на г-дин Бенџамин/ 247officedept@gmail.com.

    ReplyDelete